Приспивната во второ полувреме ја „разбуди“ навивач кој втрча на терен (Видео)

Второто полувреме на дуелот Македонија – Гибралтар е далеку понеинтересно од тоа што се случи во првиот дел кога имаше четири погодоци. Тоа што засега нема голови во вторите 45 минути, го „компензираше“ влегувањето на терен на еден навивач.

Навивачот скокна од Јужна трибина, ги помина редарите и влезе на терен. Дојде до Елиф Елмас, го прегрна, а потоа беше „фатен“ од редарите и изнесен од теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести