Винсент Јансен, поранешниот фудбалер на Тотенхем, е ретка приказна во светот на фудбалот и особено во богатата историја на холандскиот фудбал, а вечерва ќе биде стартер за Лалињата на мечот против Велс, за првпат по октомври 2017 години, или точно по 1708 дена.
Јенсен е еден од ретките Лалиња што ќе игра во почетната постава, вечерва против Велс од 20.45 часот во Ротердам, а не настапува за европски клуб.
Тој игра за мексиканскиот Монтереј, а такви случаи како него се само уште тројца холандски репрезентативци во историјата на популарните Лалиња.
Винсент има одиграно 17 натпревари за Холандија, а последниот му беше во победата против Шведска од 2:0 на 10. октомври во 2017 година, па вечерва ќе прави камбек по цели 1708 дена.
1708 – Vincent Janssen will play his first match for @OnsOranje since 10 October 2017, exactly 1708 days ago, while he is just the fourth player to ever feature for the Netherlands while playing for a non-European side. Chance. pic.twitter.com/rC8zEDgsBA
— OptaJohan (@OptaJohan) June 14, 2022
Холандија му е домаќин на Велс на култниот „Де Кајп“ во Ротердам, во меч од четвртото коло во четвртата група од Сегментот А и ако победи, ќе остане на првото место со 10 бода.
Во групата покрај Холандија со 7 бода и Велс со еден бод, се и Белгија и Полска, кои имаат по 4 бода.