Дибиров за „Балкан хендбол“: Вардар е мој дом, по двојната круна, одлучив да останам!

Еден од тројцата ракометари кои постигнале повеќе од 1.000 гола во Лигата на шампионите, вардаровата легенда Тимур Дибиров во интервју за „Балкан хендбол“, изјави дека по двојната круна во Македонија, одлучил и во следната сезона да игра за Вардар 1961.

Русинот игра во Вардар од 2013 година, кога пристигна од редовите на Чеховски Медведи, а иако се најавуваше негово заминување, останува барем уште една сезона.

„И клубот и јас заедно сакавме да ја продолжиме соработката. Не се ставав над клубот, немам такви амбиции, ниту такво мислење за себе. Сите мои пријатели знаат дека мојата желба беше да останам. Но, имаше некои проблеми во клубот кои мораа да се решат. Сакав да ги видам амбициите на клубот и каква ќе биде ситуацијата. Со освојувањето на двојната круна во Македонија, сè стана полесно. Вардар мораше да обезбеди пласман во Лигата на шампионите бидејќи знаеме дека е тешко да се привлечат добри играчи и тренери без тоа. Среќен сум што останав во Вардар, можам да кажам дека Вардар е мој дом“, рече Дибиров.

Целото интервју може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести