Спортскиот директор на Инголштад, Мелте Мецелдер, го смета Висар Муслиу како столб на одбраната на клубот во мисијата за брз камбек во Втората германска лига.
Македонскиот репрезентативец пристигна во германскиот клуб на почетокот на оваа година, но со соиграчите не успеаја да се извадат од тешката позиција и испаднаа во Третата лига.
„Имаме добра подлога за брзо враќање во Втората лига. Со ангажманот на Муслиу, Сарпеи, Шрок и Антонич во текот на мината сезона, го засиливме тимот, иако реално немавме доволно бодови за да опстанеме во Цвајта. Сега сме уште посилни и веруваме во експресно враќање назад само за една сезона“, вели помладиот од браќата Мецелдер.
Тој играше заедно со попознатиот Мецелдер, Криштоф за Борусија Дортмунд, а сега ја има улогата на спортски директор во Инголштад.
Муслиу е стандарден репрезентативец на Македонија и сè уште не се изјаснил дали ќе остане во Инголштад и ќе игра во Третата германска лига или ќе ја смени средината во летниот преоден рок.