Навивачите кои планираат да патуваат во Катар за време на Светското првенство во фудбал, кое ќе се игра годинава во ноември и декември, не мора да се сместат само во хотели, вили или апартмани, туку добија опција за спиење во бедуински шатори среде пустина.
Оваа опција нуди запознавање со традиционалната арапска култура, а во шаторите кои се во близина на главниот град Доха ќе има вода, струја и систем за одвод, но не и клима-уреди.
За време на СП се очекува Катар да го посетат 1,2 милиони странци, а 80 отсто од хотелите се резервирани од репрезентациите, официјални лица, судии, новинари, делегати.