Никој не е сигурен околу Дончиќ, ниту камерманот (видео)

Не само кошаркарите се повредуваат на НБА натпреварите, некогаш страдаат и камерманите кои се во непосредна близина на теренот. Токму еден ноќеска настрада на мечот меѓу Филаделфија и Далас (106:100), кој се најде на погрешно место во погрешно време.

Лука Дончиќ во обид да го нападне кошот на противникот, загуби рамнотежа и падна точно врз камерманот кој седеше позади кошот. Словенецот се здоби со болки на рамото, а камерманот за среќа помина со полесни повреди, имајќи во предвид дека врз него падна кошаркар висок два метри и тежок најмалку 100 килограми.

Дончиќ потоа се врати кај камерманот да провери дали е во ред, но и да се извини за незгодата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести