Емил Рајковиќ нов тренер на осумкратниот европски шампион!

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ е назначен за нов тренер на рускиот гигант ЦСКА Москва, потврди клубот преку официјално соопштение.

Еден од најуспешните македонски тренери потпиша договор на една година, со опција истиот да се продолжи и во сезоната 2023/24. Ангажманот во ЦСКА значи трансфер на кариерата за Рајковиќ по успешни две сезони на кормилото на Автодор, каде што во 2019 година беше прогласен за најдобар стратег во ВТБ-лигата.

„Огромна чест е да се предводи легендарен клуб со прекрасна и пребогата историја, но воедно значи и голема одговорност, особено на 100-годишнината од постоењето на ЦСКА. Горд сум на поканата да бидам тренер, воедно голема благодарност до управата на клубот за укажаната доверба. Заедно ќе се посветиме да создадеме екипа која ќе игра модерна кошарка и ќе им се допаѓа на фановите“, истакна Рајковиќ при промоцијата.

https://twitter.com/cskabasket/status/1537779337163833345

Пред Рајковиќ е огромен предизвик да го предводи осумкраниот европски првак, кој пак поради војната меѓу Русија и Украина е исфрлен од Евролигата. Сепак ЦСКА ќе важи за еден од фаворитите во регионалната ВТБ-лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести