Австрискиот тениски ас Доминик Тим има необични проблеми со локалните жители на Трајскирхен, кои го пријавиле сомневајќи се дека снима филмови за возрасни.
Епизодата која е по малку и морбидна ја раскажа самиот Тим, кој напорно тренира за да се врати во ритам и на старите позиции во Топ-10 во светскиот тенис.
„Се случи необична ситуација. На топло време тренирав без маица и извиците кои се вообичание во тенисот предизвикале сомнение кај локалните жители на Трајскирхен дека некој снима филмови за возрасни. Иако е смешно, ги разбирам. Тие си пријавиле на полиција за секој случај, а јас брзо ја разрешив целата ситуација со претставниците кои го штитат јавниот ред и мир во Трајскирхен“, изјави Тим.
И додаде дека и претходно имал вакви слични епизоди со месните жители на гратчето со нешто над 18 илјади жители.