Џака е сомнителен поради жолт картон кој на еден обложувач му донесе 250.000 фунти! (Видео)

Играчот на Арсенал Гранит Џака, се најде на удар на Националната криминалистичка агенција во Велика Британија поради сомнителен жолт картон што го доби на еден меч минатата сезона.

На дуелот против Лидс одигран на 18 декември 2021 година, кој Арсенал го доби убедливо со 4:1, Џака доби жолт картон во 86 минута. Токму таа јавна судиска опомена е причина за истрага на Националната криминалистичка агенција, затоа што еден обложувач додека траел мечот, „во живо“ уплатил дури 52.000 фунти дека Џака ќе добие жолт картон во последните 10 минути.

Се играше 86 минута кога Џака требаше да изведе слободен удар и тоа далеку од половината на Арсенал, без притисок од никого. Сепак, Џака дури 20-тина секунди се подготвуваше да го изведе фаулот, па судијата му даде жолт картон поради задржување на времето.

Со тој жолт картон, обложувачот кој уплатил 52.000 фунти, добил заработка од речиси 250.000 фунти.

За Џака не е непознато добивањето на жолти картони. Минатата сезона вкупно 10 пати „пожолтел“, а два пати бил исклучен. Сепак, овој жолт картон на мечот против Лидс е посебно сомнителен поради уплатата од 52.000 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести