Ирвинг одлучен да го напушти Бруклин, сака повторно да игра со Кралот?

Кајри Ирвинг има опција да го продолжи договорот со Бруклин нетс за сезоната 2022/23, но нема да ја активира клаузулата и ќе го тестира пазарот. Одличниот плејмејкер на тој начин ќе се откаже од гарантирани 36,5 милиони долари.

Според информациите кои пристигнаа „преку Барата“, Ирвинг наводно сака повторно да игра во ист тим со Леброн Џејмс, поранешниот соиграч од Кливленд кавалирс. Ова наговестува дека во Лос Анџелес се креира нова екипа која ќе го напаѓа тронот на НБА-лигата.

Ирвинг и Џејмс беа протагонистите во шампионската сезона на Кливленд во 2016 година, па нивно повторно спојување ќе значи и атак кон нов прстен.

Њујорк никс и градскиот ривал на Лејкерси, ЛА клиперс, исто така се заинтересирани за популарниот „вујко Дру“. Инаку одлуката на Ирвинг да не продолжи во дресот на Нетс е поради катастрофалната сезона во која Бруклин испадна во првата рунда од плејофот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести