Шок, еден од најдобрите играчи на Ајнтрахт стави крај на кариерата, а има само 29 години!

Мартин Хинтергер, австрискиот дефанзивец кој играше за Ајнтрахт, на 29-годишна возраст објави изненадувачки крај на својата играчка кариера.

Хинтерегер сакал да се откаже уште минатата есен, но решил да почека до крајот на сезоната.

„Се насладив на титулата во Лигата на Европа. Тоа беше првиот мој голем успех. Славењата беа неверојатни. Уште есеноска мислев да се повлечам, играта ми беше во пад, победите не ме исполнуваа, а поразите ми беа двојно поболни. Пролетва беше подобро, среќен сум што се простив со голем трофеј“, рече Хинтерегер.

Раководството на Ајнтрахт е изненадено, но ја разбират личната желба на фудбалерот, кој беше нивен член од 2019 година. Освен за Ајнрахт, Австриецот играше и за Аугсбург, Борусија Менхенгладбах и Салцбург.

За националниот тим на Австрија одигра 67 меча, од кои еден на Европското првенство во 2021 година против Македонија.

- Оглас -

Најнови вести