3530 БАТЕ Борисов – Слуцк (17.00 часот)
БАТЕ киксира во претходните две кола, освои само еден бод, па го загуби првото место во белоруската лига, но може да се врати на врвот ако триумфира против Слуцк. Слуцк е тим кој често игра нерешено, од 11-те меча, шест му се ремија. БАТЕ има примено само пет гола на 11 средби сезонава. БАТЕ дома најчесто игра мечеви со 1-3 гола, а во дуелите со Слуцк дома има серија од четири победи со истиот резултат, 3-0.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.65)
3619 Динамо Батуми – Динамо Тбилиси (19.00 часот)
Ова е големо дерби на грузиската лига. Домашните се првопласирани на табелата со шест бода предност и ако го добијат дуелот со директниот конкурент, ќе се одлепат на големи плус 9, што може да биде и недостижно во трката за титулата. Динамо Батуми на 19 меча сезонава има дадено 51 гол. Нивниот последен меѓусебен дуел во мај заврши 0-0, се играше во Тбилиси, а кога последен пат играа во Батуми, домашните славеа со 3-0.
Предлог тип: 1 (1.98)
7148 Енди Мареј – Џон Иснер (18.00 часот)
Британецот е поранешен освојувач на Вимблдон и важи за фаворит против џинот Иснер, чие најсилно оружје, сервисот, најмногу доаѓа до израз токму на тревнати терени како во Лондон. Иснер во првото коло имаше дури 54 аса. Во неговите мечеви речиси невозможно е да нема сет кој се решавал во тај-брејк. Според позицијата на АТП-листата, Иснер е 28 места пред Мареј, но Мареј долго време не играше, па се реактивира. Мареј во првото коло загуби еден сет, а Иснер играше пет сета. Скорот во меѓусебните дуели е 9-0 за Мареј, а последен пат се сретнале во 2016 и ова им е прва пресметка на трева.
Предлог тип: >40.5 гејмови (1.90)
9001 Србија – Хрватска (16.00 часот)
Во ова четвртфинале на Светското првенство во ватерполо, фаворит на хартија е Србија. Иако Хрватите секогаш се супер мотивирани и даваат максимум кога играат против својот сосед, сепак Србија има поквалитетен состав и изненадување би било ако овојпат Дупините ги победат Делфините. Последниот пораз на Србија беше лани во јули, и тоа баш од Хрватска на Олимписките игри во Токио.
Предлог тип: 1 (1.50)
9016 Унгарија – Италија (21.00 часот)
Домашната Унгарија има незгоден противник во четвртфиналето на СП во ватерполо, но по трите лесни победи, со кои стигна до четвртфинале, важи за фаворит. Италијанците загубија од Шпанија. Последниот меѓусебен дуел на овие селекции беше лани на Олимписките игри во Токио и многу тврдата средба, во која се истакнаа одбраните, заврши со 5-5. Последните пет меѓусебни мечеви биле неизвесни, или било нерешено или победникот славел со тесни 1 до 2 гола разлика.
Предлог тип: 1 (1.50)