Топката која ќе се тркала на Мундијалот во Катар е вистински технолошки новитет (фото)

Адидас ја претстави топката со која ќе се игра на Светското фудбалско првенство во Катар годинава.

На овој Мундијал ќе се претстави новата технологија во фудбалот. Во внатрешноста од топката има уред, односно сензор кој ќе го следи движењето и ќе пренесува сигнали до 500 пати во секунда директно до ВАР-собата.

На овој начин ќе се овозможи полесно и побрзо да се проценуваат одредени ситуации со цел да да се сведат на минимум погрешни судиски одлуки.

Сензорот најмногу ќе влијае врз брза проценка на офсајд-ситуации, со тоа што ќе им овозможи на судиите само да потврдат недозволена позиција.

- Оглас -

Најнови вести