Шпанија е новиот светски првак во ватерполо, откако во драматично финале, дури по подобро изведување на пенали ја победи Италија. Со овој триумф, Црвената фурија се реваншираше на Италија за поразот во финалето на претходниот Мундијал. Во регуларниот дел беше 9:9, а по пеналите, Шпанија победи со вкупен резултат од 15:14.
Се очекуваше финалето да биде неизвесно и драматично до последната секунда. По првата четвртина резултатот беше 3:3, а потоа следуваше доминација на Шпанија која даде три гола во низа и на полувреме водеше со 6:3.
Италија не се предаде, па третата четвртина ја доби со 3:2, а во последниот квартал Аѕурите беа подобри со 3:1 за 9:9 по регуларниот дел. Во пенал серијата, двете репрезентации ги погодија првите пет шутеви, па драмата продолжи. Во шестата серија, Шпанија даде гол, а Италија промаши, па трофејот за светски првак завршува во рацете на шпанските ватерполисти.