Тоти нема да жали ако Ѕаниоло премине во Јувентус

Најголемата играчка легенда на Рома, Франческо Тоти, изјави дека нема да жали по својот наследник Николо Ѕаниоло ако младата ѕвезда на Рома потпише за ривалот Јувентус.

Тоти верува дека ако биде продаден „новиот Тоти“, со парите од продажбата клубот ќе купи нов играч, кој е исто толку добар како Ѕаниоло.

Рома за 22-годишниот Ѕаниоло, со кого има договор до 2024 година, бара 50-60 милиони евра, а Јуве не може да си дозволи толку да плати, па преговорите се во тек, и бара позајмица или некаква размена на играчи.

„Ако Николо замине во Јуве, нема да ме боли ниту мене, ниту клубот. Знам дека Рома за неговото место ќе купи играч кој е исто толку добар“, вели Тоти.

Ѕаниоло во минатата сезона не се прослави во Серија А, но беше клучен во Конференциската лига, каде што го даде и голот за титула во финалето.

- Оглас -

Најнови вести