Бајиќ: Некои играчи имаат поголема минутажа во репрезентација отколку во клубовите

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, жали што во овој циклус ниту еднаш тимот не беше комплетен, па не ја знае вистинската сила на нашата кошарка.

„Се надевам дека публиката е задоволна барем од односот на играчите. Многу голем број поени примивме во првата четвртина. Не бевме доволно агресивни, тие имаат паметни играчи кои ги казнуваа нашите грешки. На полувреме им сугерирав на момците да веруваат во себе и дека мечот не е завршен. Се доближивме на четири разлика, но имавме некои утнати зицери и слободни фрлања. Му дадов шанса на младиот Јакимовски да презема одговорност, да видам како реагира во такви моменти. Најголема жал ми е што ниту еднаш не бевме комплетни и што не видовме која е вистинската сила на македонската репрезентација. Не е добро за националниот тим тоа некои играчи да имаа поголема минутажа во репрезентација отколку во клубовите“, рече селекторот Бајиќ.

„Имавме лош почеток, два-три пати се враќавме по двоцифрена негатива, покажавме карактер. Бевме блиску да победиме, но таков е спортот. Покажавме енергија и борбеност, тоа е вистински пат кога се игра за репрезентацијата“, изјави капитенот Војдан Стојановски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести