На 26 меча – Само две екипи славеа со три гола разлика, двете се полски, а едната победи македонски тим

Дури 26 натпревари се играа денеска во првото квалификациско коло за настап во Конференциската лига на УЕФА и најубедливи беа двете полски екипи, Лехија Гдањск и Погон Шчечин, единствени кои победија со три гола разлика, а забележаа идентични триумфи од по 4:1.

За жал, една од двете екипи со најубедливи порази е македонскиот освојувач на националниот куп Академија Пандев.

Струмичани во чуден меч со голем инцидент во Гдањск загубија од Лехија со 4:1.

Погон исто така на домашен терен славеше со 4:1 против КР Рејкјавик од Исланд, а рецептот им беше ист како и тој на Лехија, со предност од 3:0 на полувреме и со победа од 4:1 како добра залиха од три гола за реваншите за една седмица.

Во првото коло во третото по квалитет европско натпреварување домашните екипи забележаа 13 победи, односно на половина од вкупно 26 натпревари, а меѓу нив беше и тетовска Шкендија.

Во Скопје денеска на националната арена „Тодор Проески“ Шкендија славеше со 2:0 против Арарат од Ерменија со головите на Шала и на Нафиу во првото полувреме.

Гостинските екипи забележаа 8 победи, а само пет меча завршија нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести