Нафиу даде еврогол, Шкендија лесно го победи тимот со библиско име (Видео)

Шкендија забележа лесна победа од 2:0 против ерменскиот Арарат во првиот меч од првото квалификациско коло за настап во Конференциската лига на УЕФА и на реваншот за седум дена ќе има солидна предност.

Евроголот на Валмир Нафиу рано стави точка на мечот, уште во 44-тата минута, кога Шкендија поведе со 2:0.

Прекрасниот погодок на „седмицата“ на тетовци можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно, во 21-вата минута со првиот гол на мечот Аденис Шала најави победа на Шкендија, а тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло ќе игра против лидерот во Летонија, екипата на Валмеира.

Во тек е мечот од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА меѓу Лехија Гдањск и Академија Пандев што се игра во Полска.

Домаќините по првото полувреме водат со 3:0, откако мечот долго беше прекинат поради дивеење на домашните навивачи, кои се истепаа меѓу себе.

Откако дуелот продолжи од осмата минута, Лехија доминира на теренот и само за едно полувреме ги декласира струмичани.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести