Бејл заминал во Америка за да игра на следното Европско првенство

Герет Бејл беше претставен како нов член на Лос Анџелес ФК. Најинтересен дел од обраќањето на велшката фудбалска ѕвезда беше дека сака да остане во Лос Анџелес најмалку две години, барем до Европското првенство во Германија 2024 година.

„Долго време ја следам МЛС лигата, нивото постојано се подобрува. Лигата е подобра отколку што мислат луѓето во Европа. Не дојдов тука на само шест месеци или една година. Сметам дека играњето тука ми е најдобра шанса да бидам подготвен за следното Европско првенство во 2024 година, би останал тука и после тоа“ – изјави Бејл кој после девет години во Реал Мадрид, почнува нова ера во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести