Мемфис Депај доби сигурен знак дека е вишок во Барселона и речиси сигурно ќе си замине, откако клубот ги отстрани неговите фотографии од промотивниот материјал за турнеата низ Америка.
https://twitter.com/gerardromero/status/1546788708925464576?s=20&t=27bNnQdAsnuXSIe3mObJJw
Депај пристигна во Барселона од Лион како големо засилување лани и има одиграно 28 натпревари и постигна 12 гола.
Сепак на Чави не му се бендисува стилот на игра на холандскиот репрезентативец, а ако го купат Левандовски и Рафиња како што е најавено, ќе нема место во стартниот состав за Депај, па тој очигледно ќе си замине.
Барселона ќе игра четири натпревари на американската турнеа. Првиот е против Интер Мајами на 20. јули, потоа ќе се игра „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 24. јули, па следи меч со Јувентус три дена подоцна и завршен меч во САД против Њујорк ред булс на 31. јули.
Првенството на Шпанија за Барселона ќе почне на 13. август со дуел против Рајо Валјекано на „Камп Ноу“.