Голгота со среќен крај за Бодо Глимт, вчера ги фати невреме, денеска за влакно ќе ги елиминираше тотален аутсајдер од Фарски острови

Ланската сензација во еврокуповите, екипата на Бодо Глимт едвај се извлече од сензационална елиминација на Фарските острови и ќе игра во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, иако загуби со 3:1.

Клаксвик победи со 3:1 во возбудлив реванш и му фалеше само еден гол за продолженија против големиот фаворит од Норвешка.

Мечот требаше да се игра вчера, но гостите поради големо невреме на Фарските острови не успеаја да допатуваат, па реваншот се одигра денеска.

Клаксвик брзо поведе со 2:0 со головите на Микелсен и на Андреасен до 20. минута и стопи два гола од негативата од 0:3 од првиот меч.

Сепак Бодо Глимт успеа да постигне гол во 55 минута од пенал, и иако прими уште еден погодок се пласира во следната квалификациска рунда за настап во Лигата на шампионите.

Во ланската сезона норвешкиот тим успеа да ја победи Рома со 6:1 што беше првокласна сензација, а потоа Римската волчица ги елиминира во четвртфиналето на Конференциската лига.

Понатаму оди и Марибор по победата против Солигорск од 2:0 на гостински терен, откако во Словенија првиот меч заврши без голови.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести