Луд пресврт на босанецот во Барса – Сега ги импресионира сите во клубот и може да остане

Миралем Пјаниќ направи голем пресврт и сега е посакуван во составот на Барселона, откако долго време е надвор од тимот и не конкурираше воопшто за настап, па дури беше и испратен во Бешикташ на позајмица.

Турците не го купија, па се шпекулираше дека Барселона сака да го продаде, или пак да го позајми, но сега има чудесен пресврт.

Пјаниќ ги воодушевил сите на тренинзите на Барселона и се најде на списокот со патници за американската турнеа на шпанскиот гигант.

Иако се уште постои опција да биде продаден, или позајмен на друг клуб, репрезентативецот на Босна и Херцеговина има и големи шанси да остане во Барселона.

На американската турнеа, Пјаниќ ќе има топ-шанса да потврди дека е калибар за Барса, а со клубот ќе игра на четири одлични пријателски натпревари.

Првиот е против Интер Мајами на 20. јули во Форт Лодердејл, па потоа следи „Ел Класико“ против Реал Мадрид во Лас Вегас на 24. јули, па меч со Јувентус во Далас три дена подоцна и за крај натпревар против Њујорк ред булс во Харисон на 31. јули.

Барселона ќе игра уште еден подготвителен меч пред стартот на новата сезона во Ла Лига, а ривал на „Камп Ноу“ на 7. август ќе им биде мексиканскиот тим УНАМ.

Шпанското првенство почнува на 12. август, а премиерата за Барса е следниот ден на домашен терен против Рајо Валјекано.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести