Фабрегас го направи најшокантниот трансфер ова лето

Некогашниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас не се предава и реши кариерата да ја продолжи во Италија и тоа во второлигашот Комо. Искусниот 35-годишен Фабрегас минатата сезона играше за Монако и иако имаше најави дека ќе се врати во Шпанија, тој се одлучи за нова меѓународна епизода и тоа во Италија.

Фабрегас во Комо треба да остане во следните две сезони. Комо минатата сезона го завзема 13 место во Серија Б, а сега со Фабрегас во тимот сигурно амбициите ќе бидат на повисоко ниво.

Играчот за врска има речиси 20-годишна прифи кариера која ја започна во Арсенал, каде помина осум години. Потоа се пресели во Барселона, а потоа играше и за Челзи и Монако. Сега прв пат ќе игра во италијанскиот фудбал и тоа нема да биде во Серија А.

Фабрегас има и 110 настапи за шпанската репрезентација во која има и 15 погодоци, а беше дел од златните генерации кои во 2008 и 2012 година го освоија Европското првенство, како и од селекцијата која на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година го освои првиот и засега единствен трофеј за најдобра репрезентација во свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести