Официјално: Македонија Ѓорче Петров – ЦСКА Софија, ќе се игра во Скопје!

Веќе нема дилеми, Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија в четврток на 21 јули ќе играат на „Петар Милошевски“ во Скопје. Министерството за внатреши работи од безбедносни причини бараше средбата да се игра во Струмица, но УЕФА сепак одлучи дека ќе се игра во главниот град, како што беше предвидено.

Денеска се извлече ждрепка за третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Ако ја мине ЦСКА, Македонија ЃП во следната фаза ќе игра со Сент Патрикс атлетик од Ирска или Мура од Словенија, додека Шкендија ако ја елиминира Валмиера, во третото квалификациско коло оди на АИК Стокхолм или украинска Ворскла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести