Иван Тричковски одигра капитенски за АЕК Ларнака во многу тежок меч против Митјиланд на гостински терен во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите и со соиграчите имаат одлични 1:1 пред реваншот на домашен терен.
Иван Ѓурчо погоди во 81-вата минута за предност на АЕК од 1:0, потоа во следната минута Тричковски беше заменет, а многу брзо Митјиланд израмни.
Ерик Свјатченко погоди за 1:1 во 84-тата минута и со изедначен резултат ќе почне реваншот на Кипар за една седмица.
Лудогорец го победи Шемрок со 3:0 на домашен терен и е многу блиску до третото квалификациско коло во кое ривал ќе им биде подобриот од двомечот меѓу Динамо Загреб и Шкупи.