Храбар е Шкупи на „Максимир“ – Го стави Динамо во мат ситуација, но Адеми даде гол за 1:1 по првото полувреме (Видео)

Македонскиот првак Шкупи одигра одлично прво полувреме против Динамо Загреб и има добар резултат од 1:1 по првото полувреме на „Максимир“ во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Бразилецот Кевен умешно реагираше во 26-тата минута по одличната асистенција на Алварес и погоди со лоб за 0:1 на „Максимир“.

Сепак, чаирчани не успеаја со позитива да заминат на полувреме, а израмни македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со гол во 44-тата минута.

Аријан погоди со удар со глава во самиот финиш на првиот дел.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести