Шкупи одигра одличен меч против Динамо Загреб и одигра 2:2 на „Максимир“, резултат што им дава шанси за подвиг и елиминација на хрватскиот гигант.
Реваншот ќе се игра во Скопје на 26 јули, а Шкупи ќе се надева на нова сензација за елиминација на големиот фаворит.
Потоа Аријан Адеми израмни на 1:1 со гол со глава во 44-тата минута, а македонскиот репрезентативец беше клучен и за пресврт.
Му асистираше за гол на Петковиќ во 86-тата минута, кога Динамо направи целосен пресврт и поведе со 2:1, но завршниот збор го имаше Шкупи.
Интернационалецот од Јамајка, Реналдо Цефас, искористи грешка на одбраната на Динамо и на голманот Ливаковиќ и со прекрасен гол израмни на 2:2, што е супер резултат за реваншот во Скопје.