Англичанките го примија првиот гол на ЕП, но ќе играат полуфинале (Видео)

Англија е прв полуфиналист на Европското првенство за жени што го организира, а во возбудлив меч успеа да ја победи Шпанија со 2:1 по продолженија.

Англичанките на убедлив начин ја минаа фазата по групи со три победи и гол-разлика 14:0, а вечерва прва на шампионатот мрежата им ја затресе Естер Гонзалес во 54-тата минута

Голот за водство на Шпанија можете да го погледнете ОВДЕ.

Англија израмни на 1:1 во регуларниот дел од мечот со гол во 82-рата минута што го постигна Ела Ен Тун, а можете да го погледнете ОВДЕ.

По 90 минути и пет судиско продолжение немаше победник, па дополнително двапати се играа по 15 минути.

Џорџија Стенвеј беше хероината на Гордиот Албион со победнички погодок во 96-тата минута и Англија се пласира во полуфиналето.

Противнички за финале ќе им бидат Швеѓанките или Белгијките, кои задутре ќе играат меѓу себе во четвртфиналето.

Утре ќе се игра дуелот меѓу Германија и Австрија, а на 23 јули во последното четвртфинале на мегдан ќе излезат Франција и Холандија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести