Шкендија триумфираше на гостуањето кај Валмиера во Рига со 2-1, резултат кој ветува пласман во следното коло од квалификациите во Конференциската лига. Тетовци во реваншот ќе треба да го бранат овој резултат, односно да го потврдат триумфот.
Дориев рано ја отвори средбата, Шкеднија само по девет минути игра поведе, а пред самиот финиш на првото полувреме Геје израмни на 1-1. Избраниците на Шаќири го бараа и го добија победничкиот гол во вториот дел. Гори во 63-тата минута заби за конечни 2-1.
Доколку Шкендија го елиминира летонскиот тим, во следното коло ќе игра против подобриот од двомечот АИК Стокхолм – Ворскла.