Соседското дерби им припадна на Панцерките, ќе играат полуфинале на ЕП (видео)

Германија е втор полуфиналист на женското ЕП по триумфот од 2-0 над Австрија во четвртфиналната средба, која беше и соседско дерби. Панцерките се најдоа меѓу четирите најдобри селекции на континенталниот собир, по вчерашниот пласман на селекцијата-домаќин на ЕП, Англија.

Магул во 25-тата минута донесе предност за Германија, а дури во истекот од регуларните 90 минути, Поп ја осигури победата за конечни 2-0. Фудбалерките на Австрија имаа неколку шанси за израмнување, но и Германките неколкупати ја погодуваа рамката од противничкиот гол при резултат од 1-0.

ЛИНК од голот за 1-0.

Германија сега го чека подобриот од дуелот Франција – Холандија, Англија ќе игра против Шведска или со Белгија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести