Миовски ќе го памети денот – Дебитира како стартер за клубот што ја има магијата на Сер Алекс Фергусон

Бојан Миовски е стартер за Абердин против Рејт, денеска во Лига купот на Шкотска на меч што ќе се игра од 16 часот.

Македонскиот репрезентативец во текот на оваа седмица успешно ги реши сите проблеми со документацијата и работната виза за Велика Британија и денеска ќе дебитира за клубот што има четири титули и е трет најтрофеен во Шкотска зад гигантите Глазгов ренџерс и Селтик.

https://twitter.com/AberdeenFC/status/1551178232921292802?s=20&t=OZmBbYMSFNktA6G7cz3opQ

Абердин е познат и по Сер Алекс Фергусон, еден од најдобрите тренери на сите времиња, а беше менаџер на клубот од Шкотска во периодот од 1978 до 1986 година, а потоа следеше неговата ера во Манчестер јунајтед.

Миовски пристигна ова лето во Абердин од редовите на унгарскиот клуб МТК за сума од над 650 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести