Кунде ги издрибла, а Челзи ѝ е бесен на Барселона и ѝ блокира два трансфери

Раководството на Челзи ѝ се налути на Барселона за трансфер-сагата со Жил Кунде, кој беше планиран како засилување на англискиот клуб, но ќе замине кај шпанскиот гигант.

Сините од „Стемфорд бриџ“ веќе беа договорени со Севилја за трансферот на Кунде, но се вмеша Барса и францускиот ас одби да оди во Челзи и сака да игра за Каталонците.

Бесот кај луѓето од Челзи по ваквиот пресврт кулминираше со одлука да се блокираат двата трансфери на Сезар Аспиликуета и на Маркос Алонсо во Барселона.

И за двајцата бекови Челзи преговара со Барса за да и ги продаде, но сега преговорите се прекинати и неизвесно е дали Аспиликуета и Алонсо ќе се префрлат во таборот на шпанскиот гигант.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести