Кошаркарскиот тим ТФТ ќе биде домаќин на квалификациски турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, одреди ФИБА. Ќе има вкупно четири квалификациски турнири, а освен Скопје, домаќини ќе бидат и Лисабон, Белград и Малага.
ТФТ за прв противник го има тимот на Кемниц Најнерс, каде што работи Ѓорѓи Кочов како помошен терен. Покрај ТФТ и Кемниц Најнерс, во Скопје ќе се натпреваруваат и екипите на Фрибург Олимпик, Лестер, Волунтари и Тофаш.
Турнирот ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ од 21 до 25 септември.