Мурињо во атак на ново засилување, сака да го создаде најсилниот напад во Серија А

Жозе Мурињо и неговата Рома не мируваат и сакаат уште да се засилат во пресрет на новата сезона. Ромската волчица ја добија битката за доведување на Пауло Дибала кој дојде како слободен играч од Јувентус.

Според најавите од Италија, Рома сега сака да го доведе и докажаниот голгетер Андреа Белоти од Торино. Ситуацијата со Белоти е слична како таа со Дибала. На повремениот италијански репрезентативец му истече договорот со Торино и сега е слободен играч, па одбира кој ќе биде неговиот следен клуб.

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини го убедувал Белоти дека ќе биде добро да пристигне на „Олимпико“ и да го облече црвениот дрес. Во Торино владее тензија која кулминираше дури и со тепачка меѓу тренерот Иван Јуриќ и спортскиот директор Давиде Вањати.

Доколку Рома успее да го доведе Белоти, Римската волчица ќе има фантастичен напап во кој сега се сигурни Дибала и Тами Абрахам, кој минатата сезона играше одлично.

- Оглас -

Најнови вести