Лионел Меси и ПСЖ во неделата го освоија првиот трофеј во новата сезона, по триумфот над Нант во францускиот Суперкуп.
Меси беше прогласен за МВП на мечот, а по доделувањето на медалите и пехарот Аргентинецот наиде на ситуација која често му се случува поради неговата популарност.
Едно дете тргна да се фотографира со Лео, но обезбедувањето му попречи и агресивно го влечеше да се тргне на страна. Сепак Меси застана и му ја исполни желбата, детето си доби спомен за цел живот и прегратка од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) August 1, 2022