Новата сезона во Ла Лига почнува за десеттина дена, поточно на 12 август, а македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски доби страшен комплимент од Шпанците кои потсетија на неговите брилијантни одбрани во ланската сезона за Рајо Валјекано и го нарекоа Човекот-ѕид.
https://twitter.com/LaLiga/status/1554829442740002816?s=20&t=UtHE_LKxeO6zxfbKrY2gLw
Иако имаше неколку понуди, меѓу нив се споменуваше и трансфер во Барселона, Димитриевски речиси сигурно пак ќе брани за клубот од Мадрид, за Рајо Валјекано, и идната сезона.
Рајо Валјекано новата сезона ќе ја почне со гостување на „Камп ноу“ кај Барселона на 13 август.