Фудбалерот од Коморските острови кој има и српски пасош, Ел Фарду Бен, најверојатно наскоро си заминува од Црвена ѕвезда.
Бен е најтрофеен странец во клупската историја на белградските Црвено-бели, со пет титули во српската лига, има два купа на Србија, а со клубот играше и во Лигата на шампионите.
Тој има понуди од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.