Шкупи не е ни за во Лигата на Европа, останува убавата шанса за влез во групите од Конференциската лига

Шкупи вечерва во Скопје загуби од Шемрок роверс со 1-2 и е елиминиран од квалификациите за Лигата на Европа.

Ова значи дека Ирците ќе играат бараж против Ференцварош за влез во групите во ЛЕ, а за македонскиот првак останува шансата да влезе во групите во Конференциската лига ако на 18 и 25 август биде подобар од КИ Клаксвик од Фарски Острови или Балкани од Косово. Ривалот на Шкупи ќе биде познат задутре.

По поразот од 1-3 во Даблин, во Шкупи веруваа дека дома може да победат убедливо, но се покажа дека нападот потфрли со прецизноста. Шемрок головите ги даде во 65-тата и 85-тата минута, а и во првото полувреме гостите имаа убава шанса за водство.

Почесниот гол за екипата на тренерот Гоце Седлоски го постигна Сандеј Адетунџи во 94-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести