Пак се сакаат, вака ќе биде до првиот утнат пенал на Мбапе (Фото)

Нејмар и Килијан Мбапе ги закопаа „воените секири“ и повторно се во „љубов“, а сеирџиите би рекле дека мирот ќе трае до првиот утнат пенал на Французинот.

По синоќешната победа над Лил од 7-1, Нејмар на социјалните мрежи објави фотографија на која се прегрнати со Мбапе, а се поздравуваат со Лионел Меси и порача: „Неверојатна ноќ, напред ПСЖ“.

Нејмар, кој е во голема форма, придонесе со два гола и две асистенции, додека Мбапе постигна три гола, од кои првиот рекордно брз, само по 8 секунди игра.

Конфликтот на Нејмар и Мбапе се случи минатиот викенд, откако по еден утнат пенал на Мбапе, при наредниот, Нејмар ја зеде топката и не ја даваше, па тој си го шутна пеналот. Мбапе се налути што Нејмар лајкуваше објави дека тој треба да биде изведувач на пеналите, а не Мбапе. Двете ѕвезди беа повикани на разговор кај спортскиот директор и таму се смирија, со договор дека прв пеналџија е Мбапе, а ако тој не е во игра, тогаш шутира Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести