„Скараните“ режираа најбрз погодок во Франција – Меси го погоди Мбапе во трк, Килијан даде гол за 8 секунди (Видео)

Лионел Меси и Килијан Мбапе го режираа најбрзиот погодок во Франција,а Пари Сен Жермен поведе против Лил во дербито во Франција со погодок во осмата секунда.

Тоа е најбрзиот гол откако статистички се мери времето на натпреварите, а тоа се прави од сезоната 2006/07.

Меси со прв допир велемајсторски го исфрли во фор Мбапе, а еден од најбрзите фудбалери на денешницата не пропушта зицери и во осмата секунда од мечот во Лил ја затресе мрежата на домаќините.

Оваа седмица што веќе завршува имаше многу шпекулации дека Мбапе сака да си заминат Аргентинците од тимот на ПСЖ, меѓу нив и Меси, но на терен, вечерва во Лил се функционира беспрекорно меѓу двете големи ѕвезди на првакот на Франција.

- Оглас -

Најнови вести