Пеколниот трилинг на ПСЖ најавува дека ќе ја прегази Европа – Франција веќе е на колена (Фото)

Пеколниот трилинг напаѓачи на Пари Сен Жермен во состав Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар е немилосрден во Франција и таму уште по три кола е јасно дека немаат конкуренција.

Двапати во првите две кола на ривалите им даваа по пет гола, а вечерва го декласираа Лил со 7:1.

Иако имаше многу шпекулации дека не се сакаат меѓу себе, особено Мбапе и Нејмар, на теренот немаат никакви проблеми и веќе имаат страшни бројки заедно со Меси.

Тројцата се на врвот на листата со најдобри стрелци, а заедно постигнаа 12 гола и имаат 8 асистенции.

Нејмар е на врвот во двете категории со пет гола и шест асистенции, а вечерва против Лил постигна два гола и имаше три асистенции.

Мбапе постигна четири погодоци, од кои три вечерва против Лил и засега нема асистенција, а Меси е со учинок од три гола и две асистенции, од кои едната против Лил беше фантастична и му помогна на Мбапе да постигна најбрз гол во Франција само за 8 секунди од стартот на мечот.

Фантастичен е и податокот дека триото Меси-Нејмар-Мбапе директно учествувале со голови или асистенции при постигнувањето дури на 76 гола на ПСЖ во 2022 година.

На последните 8 меча, Меси и Нејмар заедно имаат 33 поени, сметајќи ги головите и асистенциите, што исто така е феноменален ефект на јужноамериканското дуо во ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести