Милан Павков во минатото им носеше големи радости на навивачите на Црвена ѕвезда, но вечерва тој е главниот виновник што српскиот првак нема да игра во групната фаза од Лигата на шампионите, туку во групите од Лигата на Европа.
Ѕвезда е елиминирана од Макаби Хаифа откако мечот во Белград вечерва заврши 2-2, па Макаби со вкупни 5-4 оди во ЛШ.
Израелците имаа многу среќа, првиот гол го дадоа благодарение на киксот на голманот Борјан, а вториот погодок во финишот, Србите сами си го дадоа по лоша реакција на Павков по едно нафрлување.