Црвена ѕвезда на несреќен начин испадна од Макаби Хаифа и нема да игра во групите од Лигата на шампионите.
По водството од 2-0, следуваше шок во судиското продолжение и Макаби се врати во живот. Израелците делуваа посвежо во финишот, бараа втор гол за да избегнат продолженија, а работата им ја заврши миленикот на фановите на Ѕвезда.
Милан Павков, кој веројатно ќе си оди од клубот, имаше лоша реакција по едно нафрлување и не сакајќи го совлада голманот Милан Борјан, па на многу лош начин ќе се прости од Црвено-белите.
Еве го голот кој го однесе Макаби во ЛШ:
Pavkov!!!pic.twitter.com/Ryyf5AnGc8
— GoncaloDias17 SCCP (@goncalo_diass17) August 23, 2022