На половина од рокот за типување за колото на Спортска прогноза, голема поделеност околу Вердер – Ајнтрахт

Поминаа 48 часа откако беше отворена можноста за типување, а остануваат уште два дена, до сабота во 15.30 часот, да се приклучите во второто коло на Спортска прогноза и да ги прогнозирате исходите на 13-те меча од основната понуда, плус двете резерви кои се бројат за Генерален пласман.

За второто коло на популарната Среќна Тринаесетка, играчите имаат свои фаворити, како Вилјареал против Хетафе, Леверкузен против Мајнц, Нант против Тулуз, Марсеј против Ница, Троа против Анже и Наполи против Фиорентина.

Фаворит на мнозинството е и Јувентус против Рома. За победа на Рома се изјасниле само 9,54 проценти од прогнозерите.

Од друга страна, има огромна поделеност кај парот Вердер – Ајнтрахт. За победа на домашните се една третина од прогнозерите (33,59 отсто), за нерешено се помалку, 31,68 проценти, додека победа на Ајнтрахт очекуваат 34,7 проценти од играчите.

За погодена Тринaесетка во секое коло сами можете да си одберете подарок од понудените три варијанти – Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X.

Како и секогаш, се наградуваат и утките, па со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а за погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести