Пекол група за Партизан – Црно белите ќе кротат разни ѕверки, има Јарци и Орли, а им доаѓа и Шумуликоски со Словачко во најтешката група

Ждрепката за Конференциската лига на УЕФА не му донесе многу среќа на српскиот гигант Партизан и црно-белите ќе играат веројатно и во најтешката група Д со Келн, Ница и Словачко.

Интересно е дека Партизан ќе игра со две екипи со интересни прекари, против Јарците од Келн и со Орлите од Ница.

Словачко е исто така интересен клуб, чиј спортски директор е Величе Шумуликоски, наш поранешен репрезентативец.

Еднакво сложена е и Б групата во која се Вест Хем, Стеауа, Андерлехт и Силкеборг.

Еве го составот на сите 8 групи во Конференциската лига на УЕФА:

Група А – Истанбул Башахшехир, Фиорентина, Хартс, РФС Рига

Група Б – Вест Хем, Стеауа, Андерлехт, Силкеборг

Група Ц – Вилјареал, Хапоел Бер Шева, Австрија Виена, Лех Познањ

Група Д – Партизан, Келн, Ница, Словачко

Група Е – АЗ Алкмар, Аполон, Вадуз, Дњипро

Група Ф – Гент, Молде, Шамрок, Ѓургарден

Група Г – Славија Прага, Клуж, Сиваспор, Балкани

Група Х – Базел, Слован Братислава, Жалгирис, Пјуник

 

- Оглас -

Најнови вести