Вистинско чудо е како Борусија Менхенгладбах остана непоразена на гостувањето кај Баерн Минхен. Средбата заврши 1-1, а Баварците на кои им беа поништени два гола во првото полувреме, имаа дури 20 шута во рамки на голот, но Швајцарецот Јан Зомер беше несовладлив.
Лирој Сане во 83-та минута успеа да постигне гол за Баерн, но само за бод, и само колку чудото да не биде уште поголемо.
Зомер правеше чуда на голот, имаше неколку луди интервенции и најзаслужен е за подвигот на Борусија. Неговите 19 одбрани не се видени во Топ 5 лигите во Европа од 2009 наваму.