Ферплеј: Младите Бразилки се хит, лудуваа од радост за МВП признанието на фудбалерката која ги елиминира во полуфиналето на СП (Видео)

Реакцијата на младите фудбалерки на Бразил на возраст до 20 години на Мундијалот во Костарика е хит на социјалните мрежи, а ферплејот беше во прв план.

Селекцијата на Бразил загуби во полуфиналето од Јапонија со 1:2, а клучниот гол за Јапонките го постигна Маика Хамано, која е прогласена за најдобра фудбалерка на Мундијалот.

При свечената церемонија, на Хамано најмногу ѝ се радуваа Бразилките, а нивната реакција го воодушеви фудбалскиот свет.

Brazilian players embracing and cheering for Golden Ball winner Maika Hamano of Japan at the U20 Women’s World Cup Final in Costa Rica today, the two teams had played each other earlier in the semi-final where Japan won 2-1. from soccer

Хамано го постигна голот за победа против Бразил во 84-тата минута, а потоа Јапонија не успеа да го освои златниот медал, кој отпатува за Шпанија по победата на Црвената фурија од 3:1 во финалето.

Бразилките освоија бронза со победа од 4:1 против Холандија во малото финале.

 

- Оглас -

Најнови вести