Веќе јасно е со кој резултат ќе заврши вечното дерби кога Партизан е домаќин

Партизан и Црвена ѕвезда одиграа нерешено 1:1 во вечното дерби во српското првенство. Ова е 168-ми дуел на двата најтрофејни клуба во Србија, а на крајот немаше победник.

Ова е осмо дерби во низа на кое Партизан не може да победи, а тоа што е карактеристично е дека на пет од последните шест меча на Вечните на стадионот на Партизан на крајот резултатот е 1:1.

Црвена ѕвезда прва се израдува, и тоа благодарение на еврологот на Букари во 27-мата минута. Тој гол може да го погледнете ТУКА.

Партизан до израмнување стигна на почетокот на второто полувреме, кога беше досуден пенал за Партизан, а Натхо погоди за 1:1.

https://twitter.com/i/status/1565056920989450246

 

- Оглас -

Најнови вести