Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во третото коло на последниот гренслем-турнир од годината, Отвореното првенство на САД. Во меч кој траеше малку повеќе од два и пол часа, Надал со 3:1 во сетови го победи Фабио Фоњини и тоа беше негова 14-та победа во 18-тиот дуел со Италијанецот.
Надал лошо го отвори дуелот и првиот сет го загуби со убедливи 2:6. Во вториот сет се случи нешто што ретко се гледа кога игра Надал. Шпанецот ги загуби првите три гејма на свој сервис, беше во негатива од 2:4, но потоа заигра многу подобро, направи два брејка и од 2:4, успеа да го добие сетот со 6:4.
Токму со овој камбек, Надал го скрши отпорот на противникот и во следните два сета ги доби лесно и убедливо загубувајќи само три гејма вкупно, па на крајот славеше со 2:6, 6:4, 6:2, 6:1.
Мечот го одбележа и еден необичен инцидент, а тоа беше кога Надал самиот невнимателно се удри со рекетот во носот и се повреди. За среќа, Шпанецот можеше да продолжи и на крајот славеше.
https://twitter.com/i/status/1565555414321750018
Во следното коло, Надал ќе игра против Ришар Гаске, а Французинот му е редовен „муштерија“ затоа што Шпанецот ги има добиени сите 17 досегашни меѓусебни средби.