Солскјер гази, а во Англија упорно му бараат замена

Актуелниот англиски селектор, Герет Саутгејт, е најновото име кое се спомнува како можен тренер на Манчестер јунајтед во следната сезона. Вистина е дека Норвежанецот Оле Гунар Солскјер е само привремен тренер на тимот, но иако има феноменални резултати и успеа да ги препороди „црвените ѓаволи“, никој не верува дека тој ќе остане подолго време и јавноста на британскиот остров постојано лицитира околу неговиот наследник.

На Солскјер кој засега одлично си ја врши работата, веројатно не му е пријатно секој ден да слуша и чита како се зголемува бројот на негови потенцијални наследници. Наводно, главна желба на управата е Маурисио Покетино од Тотенхем, а во комбинациите се и Зинедин Зидан, Диего Симеоне, сега и Саутгејт кој ја воодушеи нацијата со пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Русија.

Пречка за можен премин на Саутгејт на клупата на Јунајтед е што има договор со фудбалската асоцијација на Англија до 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести